Унгарскиот репрезентативец Доминик Собослај е еден од приоритетите на Реал Мадрид за засилување на тимот во следната сезона.
Нивната желба е толку голема што мадридскиот клуб наводно е подготвен да му испрати на Ливерпул исклучително висока понуда за унгарскиот играч од средниот ред, пишува Fichajes.
Иако не се очекуваат засилувања во јануарскиот преоден рок, во Реал Мадрид веќе се разгледуваат опции за претстојното лето. Раководството на клубот е свесно за потребата од засилување на тимот, а една од областите што бара нови имиња е средниот ред.
Меѓу играчите што се следат, се издвојува 25-годишниот Доминик Собослај, кој оваа сезона беше еден од клучните играчи на Ливерпул под водство на тренерот Арне Слот.
Унгарскиот фудбалер, кој постигна седум гола и запиша пет асистенции на 30 официјални натпревари оваа сезона, според порталот „Дефенса Централ“, е еден од главните приоритети на Кралскиот клуб за сезоната 2026/2027.
Истиот извор наведува дека претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, е подготвен да понуди дури 90 милиони евра за неговите услуги.
The post Реал го сака играчот од средниот ред на Ливерпул, нуди дури 90 милиони евра appeared first on Во Центар.



