Реал и Роналдо ја демолираа Барселона

Реал Мадрид на „Ноу Камп“ во Барселона, го демолира домаќинот со 1:3 и избори пласман во финалето на Купот на Кралот. Кристијано Роналдо постигна два гола во победата на својот тим, а еднаш мрежата на Барселона ја погоди и Рафаел Варан.

Жозе Мурињо мошне паметно ја постави играта на својот тим, иницијативата и топката му ја препушти на противникот, а голот на Барселона го напаѓаше со контранапади, на кои главни иницијатори беа Ди Марија од левата и Кристијано Роналдо од десната страна. Лионел Меси го одигра своето 24-то ‘Ел Класико’ со што се израмни Роберто Карлос како странски фудбалери со најмногу настапи во најголемото дерби во шпанскиот фудбал. Аргентинецот веќе во сабота кога овие два тима ќе го одиграат првенствениот дуел ќе биде сам на врвот на оваа листа. Победата во дербито беше 89-та за Реал во меѓусебните соочувања, Барса остана на 87 победи, додека 48 натпревари завршиле без победник. Кога станува збор за националниот Куп, големите ривали го одиграа 32 натпревар, Барселона победила 14 пати, Реал 11, а седум пати било нерешено.Првата шанса ја имаше Лионел Меси, во втората минута, тој прими една топка од Педро и од седум метри откосо од десната страна биеше крај голот на Диего Лопез. Реал Мадрид до предност стигна во 13.минута, во моменти кога Барселона имаше целосна иницијатива. Молскавичен контра напад изведоа играчите на Реал, Роналдо остана сам во дуел со Пике, дефанзивецот на Барселона направи фаул за најстрога казна. Спротивно на непишаното фудбалско правило, Роналдо го изведе и го реализира пеналот. За Португалецот ова беше шести гол во серија на гостувањата на Реал на „Ноу Камп“. Веднаш по голот на Реал, Фабрегас во соло акција се обиде да изнуди пенал за Барселона, но судијата Маљенко не наседна на провокацијата.Меси се обиде од слободен удар, по половина час игра, но неговиот удар заврши крај голот на Лопез. Првата можност за постигнување на гол во второто полувреме ја имаше Реал, но Фабио Коентрао во 49.минута упати лош удар кон голот на Пинто.Веднаш во следниот напад се закани Барселона, Бускетс со полуволеј се обиде од 18 метри, но неговиот удар со парада го одбрани Лопез. Барса продолжи со иницијативата и во тој период Роналдо уште еднаш ја шокира 90 илјадната публика. Кедира во 57.минута во контра го исфрли Ди Марија, овој лесно го претрча Пујол, упати удар кој Пинто го одби на ногата на Роналдо кој не пропушти да ја удвои предноста на Реал. Дека Реал ќе биде финалист го потврди Рафаел Варан со голот во 68.минута. Младиот Французин постигна ефектен гол со глава по корнерот на Езил. Честа на Барселона ја спаси Жорди Алба, кој во претпоследната минута реализира една акција препознатлива за Каталонците. Следното соочување или 225-то ‘Ел Класико’, Реал и Барселона ќе го имаат во сабота на 2-ри март во Мадрид, првенствениот дуел ќе започне во 16 часот.,
Макфакс
Реал Мадрид на „Ноу Камп“ во Барселона, го демолира домаќинот со 1:3 и избори плас

Пронајдете не на следниве мрежи: