Шпанскиот првак Реал Мадрид ќе ја активира откупната клаузула за соиграчот на Столе Димитриевски во Рајо Валјекано, Фран Гарсија и за „ситни“ пари ќе го добие фулбекот кој би требало да дојде на „Сантјаго Бернабеу“ на лето.
Според последните информации од Шпанија, а истите ги сподели и Фабрицио Романо, Фран Гарсија има откупна клаузула од 10 милиони евра и тој е поранешен член на „кралевите“, но за да се врати во најтрофејниот клуб, великанот ќе плати само половина од сумата.
Според договорот со кој Гарсија дојде во Рајо е тоа што Реал задржал 50 отсто од сопственоста, што значи дека ако ја активира откупната клаузула, ќе плати само половина од цената кон малиот мадридски клуб.