Реал Мадрид конечно го доведе Килијан Мбапе




Европскиот и шпански фудбалски шампион Реал Мадрид во понеделникот конечно го доведе 25-годишниот француски напаѓач Килијан Мбапе и потпиша петгодишен договор со него.

„Реал Мадрид и Мбапе постигнаа договор според кој тој ќе биде наш играч во следните пет сезони“, соопштија од „Краљевскиот клуб“.

Мбапе досега настапуваше за француски ПСЖ, а договорот му истече на 30 јуни. Освои седум шампионски титули на Франција, четири Купа на Франција, три Суперкупа и два Лига купа.

Но, во текот на седумте сезони минати во Лигата на шампионите, скапиот и амбиоцзен тим на париските „Светци“ не успеа да стигне до пехарот во елитното континентално натпреварување.

Реал Мадрид во неделата по 15-ти пат славеше во Лигата на шампионите по понбедата со 2:0 над Борусија од Дортмунд.

Мбапе, кој со Франција го освои Светското првенство во 2018 година, е првото засилување на шпанскиот шампион во пресрет на претстојната сезона.

Капитенот на француската репрезентација постигна 44 гола за ПСЖ на 48 натпревари оваа сезона, а забележа и десет асистенции.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: