Фудбалерите на Реал Мадрид и Еспањол забележаа победи на домашен терен во последните натпревари од 24.коло во шпанскиот фудбалски шампионат.Реал, на домашен терен, во малото мадридско дерби, прашањето на победникот против Рајо Ваљекано, го реши за само 12 минути.Најпрвин по само 180 секунди игра Мората погоди на асистенција на Кака, а во 12.минута на 2:0 зголеми Серхио Рамос. Истиот играч шест минути подоцна доби црвен картон, а до крајот на мечот резултатот не се менуваше.Реал остана на третото место на табелата со 49 бодови, четири помалку од второпласираниот Атлетико Мадрид и 16 помалку од лидерот Барселона.Еспањол минимално го победи Бетис со голот на Серхио Гарсија постигнат во седмата минута. Еспањол против Бетис ја забележа четвртата победа на последните пет натпревари.Еспањол е 12-те со 31 бод, додека Бетис се наоѓа на осмото место со 36 бодови.
МакфаксФудбалерите на Реал Мадрид и Еспањол забележаа победи на домашен терен во последните натпревари од 24.коло во шпанскиот фудбалски шампионат.