Секаде во светот регистрирање на кола би требало и е еден нормален и обичен процес. Не премногу скап. а секако брз. Но,не и кај нас. Тука, кај нас, треба да ги поминеш деветте кругови на пеколот за да завршиш работа. Ми раскажуваше еден другар низ што се поминал деновиве. И тоа се чини не е дефинитивната приказна. Може да биде и позаебано, да ми простите на израз. Имено, ако случајно,колата ти е на фирма, а фирмата блокирана (има мал милион можности тоа да е така, меѓудругото и некој да ти извршува лажни фактури) мораш да платиш на друг начин. Па ми ти измислиле да одиш во Фонд за патишта да ти ја потврдат уплатницата. Господата морало да ги видат парите на сметка. Немој случајно да не стигнат. А таа не е воопшто ефтина. Туку е 2150 денари. Но, тоа не е се. За да ти завршат работа одма, теткиве, треба со кец да ја видат уплатата. Тој луксуз ќе те чини плус 200 денари. Па ако не ги береш на дрво парите мисли му ја. Јас мислев дека фондот за патишта го полниме со патарините кои никнат како печурки после дожд и кај што не ги бараш. Но, тоа не било се. Државата за овој фонф ќе ти земе плус по 6-7 денари на ден за секој ден во годината. Па ти ако сакаш чувај ја колата 365 дена во гаражата… Значи сега разбирам зошто пола Скопје вози нерегистрирани коли и 75% нерегистрирани мотори. Ние сме уште во среден век со наплата. Еден ти зема осигурување, друг за зелен картон, кој знаете е најскап во Македонија, па на второ место е созвездието на Големата мечка, само што таму за разлика од тука колите летаат… трет за фондови, четврт те гледа под око да не си заборавил некое лифче за да ако може те врати за утре. Ништо за денес дечко – строго да извикне, а и самозначајно во исто време… На крај ако си ги соберете сите давачки, бидејќи сакате регуларно да сте чисти кон државата ќе сфатите дека еден до два месеци во годината треба да работите за овој “луксуз”. Може затоа онаа несреќната пратеничка од СДС велеше дека сиромашните ме возат па така не ја ни чувствуваат цената на бензините кои вртоглаво раснат.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.