Регистрирани 103 нови случаи на Ковид 19, починати се 3 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 912 тестирања, а регистрирани се 103 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-13, Куманово-26, Штип-5, Прилеп-7, Тетово-3, Охрид-2, Кавадарци-6, Гостивар-15, Гевгелија-2, Струмица-1, Крива Паланка-2, Демир Хисар-7, Берово-1, Виница-5, Делчево-2, Свети Николе-3, Кичево-2, Неготино-1.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 187 оздравени пациенти од: Скопје-60, Штип-17, Прилеп-4, Тетово-12, Струга-19, Битола-2, Охрид-16, Кавадарци-13, Гостивар-11, Крива Паланка-2, Крушево-1, Кочани-5, Демир Хисар-2, Македонски Брод-3, Берово-3, Виница-10, Кратово-1, Свети Николе-2, Кичево-2 и Ресен-2.
Починати се 3 пациенти од Скопје (69г.), Велес (35г.) и од Македонски Брод (77г.). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 12840, бројката на оздравени пациенти е 9361, на починати е 547, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2932. Денес се евидентираат два контролни теста. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 5418, активни 953
• Куманово 1289, активни 298
• Дебар 226, активни 67
• Штип 1048, активни 260
• Прилеп 365, активни 40
• Тетово 1141, активни 151
• Струга 521, активни 167
• Велес 243, активни 27
• Битола 184, активни 74
• Охрид 309, активни 66
• Кавадарци 158, активни 103
• Гостивар 660, активни 289


• Гевгелија 31, активни 13 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 6 на Богданци)
• Струмица 52, активни 23
• Крива Паланка 30, активни 5
• Радовиш 38, активни 10
• Крушево 16, активни 1
• Кочани 128, активни 29
• Пробиштип 69, активни 17
• Демир Хисар 60, активни 37
• Македонски Брод 65, активни 45
• Пехчево 8, активни 2
• Берово 15, активни 6
• Валандово 7, активни 1
• Виница 51, активни 36
• Делчево 10, активни 5 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 15, активни 1
• Свети Николе 261, активни 61
• Кичево 240, активни 126
• Ресен 146, активни 7
• Неготино 36, активни 12 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 912 теста се преку: ИЈЗ-514, ЦЈЗ Скопје-12, Авицена-0, Биотек-33, МАНУ -0, Жан Митрев (Филип Втори)-148, Систина со PCR метода -135, Судска медицина -0, ЦЈЗ Битола-51, Инфективна клиника-11, ГАК-7, лаборатории од странство-1. Досега во земјата се направени вкупно 127196 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 3 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 82 пациенти. На кислородна поддршка се 43 пациент, нема на механичка вентилација.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 18 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 7 деца позитивни на вирусот, и еден пациент суспектен на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 8 нови, вкупно хоспитализирани се 83 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 18, а во болницата во Штип се хоспитализирани 41 пациент. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 122 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 134
• Аеродром – 123
• Бутел – 66
• Гази Баба – 124
• Центар – 87
• Карпош – 98
• Сарај – 33
• Кисела Вода – 70
• Ѓорче Петров – 65
• Студеничани – 30
• Шуто Оризари – 58
• Арачиново – 17
• Илинден – 12
• Петровец – 7
• Чучер Сандево – 10
• Сопиште – 10
• Зелениково – 4
• Странец – 3
• Нераспределен – 2

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.