Редовното консумирање на кафе го поправа расположението, ја подобрува меморијата и го намалува ризикот од рак

Постојат многу шпекулации, истражувања и теории за ефектот на кафето врз човековиот организам. Некои тврдат дека тоа не им одговара додека други велат дека одлично им помага во секојдневието. Но, новите истражувања докажуваат дека секојдневното консумирање на кафе има бројни здравствени придобивки.
Умерената консумација на кафе подразбира три до пет шолји на ден и истата може да ја намали смртноста од различни причини. Кафето го намалува ризикот од развој на дијабетес тип 2, Паркинсонова болест, деменција, цироза на црниот дроб и поединечни видови на карцином, вклучувајќи рак на белите дробови. Кафето на некој начин овозможува подолг живот, доколку се консумира без шеќер и други додатоци.


Кофеинот кој го консумирате е директно поврзан со мозокот, поради што го поправа вашето расположение. Тој исто така помага во подобрување на концентрацијата, а некои експерти тврдат дека кафето ја намалува стапката на самоубиства и последиците од депресијата.
Експертите исто така додаваат дека спортистите можат да имаат голема корист од кафето бидејќи природниот кофеин е поврзан со подобрата физичка работа. Меѓутоа, важно е да бидете умерени – доколку претерате со внесот на кафе, можете да ја нарушите дневната рутина, а последиците се немир, панични напади, несоница или нарушен сон.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.