Редовното консумирање на овој сок го намалува ризикот од срцев удар!

Цвеклото е здрав зеленчук кој може да се подготви на многу различни начини, а неговиот сок е еден од популарните пијалаци поради многуте здравствени придобивки. Имено, цвеклото е многу хранливо и полно со витамини, минерали и соединенија кои имаат лековити својства. Содржи големи количини на калиум, фосфор, калциум, магнезиум и железо, но и одредена количина на кобалт, кој учествува во создавањето на витаминот Б12.

Редовното консумирање на овој сок го намалува ризикот од срцев удар!

Редовното консумирање на овој сок го намалува ризикот од срцев удар!

Најновите истражувања покажале дека само една чаша сок од цвекло дневно може да има благотворно влијание врз нашето здравје, особено врз здравјето на нашето срце и кардиоваскуларниот систем.
„Нашето истражување покажува дека една чаша сок од цвекло дневно може да биде доволно да го спречиме воспалението во телото, кое, меѓу другото, може да доведе до срцеви заболувања, па дури и до срцев удар “, изјавил Асад Шабир, автор на истражувањето и предавач на Универзитетот Квин Мери во Лондон.

Други придобивки од консумирањето сок од цвекло
Освен што го намалува ризикот од срцеви заболувања, друго истражување покажало дека секојдневното консумирање сок од цвекло може да ја подобри и нашата издржливост. Имено, возрасните кои пиеле 500 мл од овој сок дневно можеле да вежбаат дури 16% подолго од оние кои не го консумирале.

Нутриционистите исто така истакнуваат дека редовното консумирање сок од цвекло помага за зачувување на здравјето на цревата, забрзување на метаболизмот и слабеењето.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.