Ред сонце, ред облаци и засилен ветер

Денес времето во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Услови за појава на пороен дожд и грмежи ќе има претежно во северните и источните делови на земјава. Локално ќе има и услови за поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме со силен ветер. Ќе дува засилен ветер, во западните делови од западен, а во останатите од северозападен правец. Утринската температура ќе се движи од 15 до 25 степени, а дневната од 25 до 38 степени Целзиусови. УВ индексот ќе достигне вредност 8.
И во Скопје и околината ќе биде променливо облачно со засилен ветер од северозападен правец.  Утринската температура ќе достигне до 20 степени, а дневната до 33 степени. УВ индексот ќе биде 8.
Од понеделник повторно следува период на сончево време со постепен пораст на температурата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.