Реисот Сулејман Реџепи го прогласи КОРОНА ВИРУСОТ за мртов!!

Реисот Сулејман Реџепи го прогласи КОРОНА ВИРУСОТ за мртов!!

Да не е бизарно ќе беше смешно, но и тоа има. Реисот пак се надмина. Вчера дознавме дека го надмина Хју Хефнер женејќи се со 50 години помлада сопруга. И тоа мислевме дека е врвот. Но, не било. Денеска имаме нови дострели на Реисот. Имено тој го прогласи за „мртов“ КОРОНА ВИРУСОТ. Како? Ете така – мртов!

Еве ја од вчера веста на денот.

Реисот Сулејман Реџепи се ожени со 50 години помлада жена

Во изјава што ја даде за медиумите пред  џамијата Мустафа Паша во Скопје Реџепи им го честиташе празникот Фитер Бајрам и во говорот, го прогласи КОРОНАВИРУСОТ за мртов.

Во наредниот период секогаш да победуваме, лошото да го победуваме. И да знаете дека Ковид-19 можам слободно да го прогласам  дека е умрен од денес. Со оглед дека го победивме, заради тоа сме тука пред џамијата. Господ е со нас.  И кога е Господ е со нас ние се чувствуваме најсилни во светото, рече  меѓу другото Сулејман Реџепи Раис на ИВЗ.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.