Реконструкција на улицата Христо Татарчев во должина од 850 метри

Општина Кисела Вода во должина од 850 метри и ширина од 4.5 метри, во населбата Припор врши реконструкција на улицата „Христо Татарчев“, крак 14.

Во исто време, на улицата во завршна фаза е и поставувањето на атмосферска канализација.

Денеска увид во градежните работи на улицата, извршија градоначалникот Филип Темелковски, претседателот на Советот на Општината, Дарио Шимиќ и членот на Советот, Тодор Костадиновски.

Општина Кисела Вода реконструкцијата и поставувањето на канализацијата ги врши со сопствени средства.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.