Рекорден раст на цените на храната во Босна, инфлацијата во март достигна 10,2 отсто

Весникот Дневни Аваз објави податоци на Агенцијата за статистика според кои во БиХ инфлацијата во март достигнала 10,2 отсто. Споредбено се посочува дека инфлацијата во Хрватска изнесувала 9,4, а во Србија 9,6 отсто.

Најголем пораст од 14,8 отсто е забележан кај цените на прехранбените производи и кај безалкохолните пијалоци.

Споредено со минатата година, во март оваа година цените на станарината и на режиските трошоци се зголемени за 8,3 насто, додека транспортните трошоци се поскапени за 24,5 проценти.

Дневни аваз пишува и за драстично зголемување на цената на земјоделските производи, притоа посочувајќи дека се повеќе од граѓаните во земјата купуваат овошје и зеленчук на парче наместо во килограми.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.