Рекордна заплена на кокаин: Полицијата пронашла 9,5 тони во контејнер (ВИДЕО)

Властите во Доминиканската Република во петокот објавија дека заплениле 9,5 тони супстанца за која постои сомневање дека е кокаин, што е најголемата ваква заплена во историјата на оваа карипска земја.Во два контејнери се откриени „вкупно 320 кеси со 9.588 килограми супстанца за која се верува дека е кокаин“ и биле наменети за Белгија, изјави на прес-конференција Карлос Деверс, директор за комуникации на Националната дирекција за контрола на дрогата (DNCD). Запленувањето е извршено во пристаништето Кауседо де Бока Чика, во близина на главниот град Санто Доминго.Дрогата била пронајдена во два контејнери со банани кои пристигнувале од Гватемала и биле наменети за Белгија.Ова заплена на кокаин – никогаш досега невидено во Доминиканската Република и Карибите – додаде тој.

Акцијата за заплена започна во раните утрински часови и се одвиваше во караван, со зголемено обезбедување, од пристаништето до седиштето на ДНЦД во главниот град.– Обвинителството и ДНЦД испрашуваат најмалку 10 лица поврзани со пристаништето, додека ја продолжуваат истрагата за товарот наменет за Европа – додаде тој.Според Деверс, најголемата количина запленета во Доминиканската Република досега била 2.582 пакети во 2016 година.

Пронајдете не на следниве мрежи: