Рекордно скап Божик за Британците

Британските домаќинства за намирници за Божик потрошиле повеќе од 12 милијарди фунти, што е најголема сума од почетокот на евиденцијата, покажува истражувањето на компанијата „Кантар“.

Вкупната потрошена сума е поголема пред сè поради повисоките цени на храната и пијалаците, а не поради поголемата потрошувачка на граѓаните, покажува месечниот монитор на „Кантар“.

Така, обемот на продажба во декември всушност е намален за еден процент во однос на истиот период претходната година, што покажува дека цените на храната значително пораснале.

Износот во декември беше за неверојатни 1,1 милијарда фунти повисок од истиот месец претходната година, што првпат надмина 12 милијарди фунти, изјави шефот на одделот за малопродажбата на „Кантар“, Фрејзер МекКевит.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.