Реми на Евертон и Кристал Палас



Во последната средба од 25. коло на англискиот фудбалски шампионат Евертон и Кристал Палас одиграа без победик 1:1.

Беше тоа меѓусебно дерби, по кое причина повеќе за задоволство имаат гостите, кои сега имаат пет бода повеќе од зоната за испаѓање, додека Евертон е само чекор над опасната зона, но со ист број бодови како и еден од „давениците“ Лутон Таун.

Гостите добија нов тренер, Оливер Гласнер на неколку часа пред почетокот на натпреварот, но австрискиот стручњак не го водеше мечот, туку се најде во ложата на стадионот „Гудисон Парк“.

Лондонскиот тим поведе во 66. минута со голот на Џордан Ају, а Амаду Онан израмни за Евертон во 84. минута.

Кристал Палас сега е 15-ти со 25 бодови, додека Евертон е на 17-та позиција со 20 бодови. Последните три места кои водат во понизок ранг ги држат Шефилд Јунајтед (13), Барнли (13) и Лутон Таун (20).

На врвот е Ливерпул сп 57, пред Арсенал со 55 и Манчестер Сити со 53 бодови.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: