Републиканците официјално го номинираа Мајк Пенс за потпретседател на САД

Републиканските делегати едногласно денеска го ре-номинираа Мајк Пенс за кандидат за потпретседател на Соединетите држави, а од нив се очекува и официјално да ја потврдат кандидатурата на претседателот Доналд Трамп за претседателските избори на 3 ноември во текот на денот во Националната конвенција во Шарлот.

Пандемијата на коронавирусот ги наруши плановите на демократите и на републиканците да одржат големи предизборни конвенции, но републиканците заедно со строгите здравствени протоколи успеаја да одржат поумерен собир испраќајќи само шест делегати од секоја држава во Шарлот, пренесува Фокс Њуз. 

Демократите, од друга страна, ги одржуваа сите митинзи виртуелно. Силни безбедносни мерки се спроведуваат околу салата во која се одржува републиканската конвенција.

Сепак, конвенцијата не завршува во Шарлот, бидејќи 336 делегати беа поканети во Белата куќа во четвртокот за да гледаат во живо како претседателот Трамп ја прима номинацијата на неговата партија.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.