Ресторан продава бургер со линија бел прав, луѓето бесни: “Што ќе кажат децата?”

Австралискиот ресторан “Pablo’s Escoburgers” успеа да ги разлути корисниците на социјалните мрежи со своите бургери.
Имено, на дел од корисниците им смета бургерот наречен “Patron” кој се продава со бела линија на пецивото која изгледа како кокаин и свиткана банкнота од 100 долари (секако, лажна).
“Кокаинот” е всушност лук во прав. Освен “Patron”, внимание привлекол и вегетаријанскиот бургер кој се продава со додаток на сол кој доаѓа во пластична ќесичка со мала лажичка во неа. Сето тоа, веројатно повторно погодувате, исто така изгледа како кокаин.


“Како да им го објасните ова на децата кои ќе дојдат тука?”, “Ова не е смешно, користете го мозокот”, се само дел од коментарите на незадоволните корисници.
Но, се чини дека овој ресторан во Мелбурн тоа воопшто не го загрижува, па оттаму порачуваат:
“Хејтерите секогаш ќе хејтаат. Не сите Колумбијци го сакаат нашето име, но сите до еден ги сакаат нашите бургери”.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.