Референдумот во Македонија – Настан кој може да одлучи за суверенитетот или исчезнување на целиот регион

Иако навидум од локален карактер, исходот од референдумот во мала држава која нема ниту излез на мора, може да има глобални последици. Токму затоа голем број меѓународни актери внимателно го следеа гласањето, што уште повеќе го докажува апсолутниот средишен геополитички статус на целиот балкански регион и дека овој простор и понатаму ќе биде подрачје на најсложен судир на хегемонијата помеѓу Евроазија и Западот на чело со Соединетите Држави. Токму овој средишен геополитички статус на балканскиот регион во текот на деведесетите години на минатиот век доведе до крвавиот распад на поранешната држава, на чии рушевини никнаа голем број држави повеќето без вистински суверенитет, вистинска политичка и економска независност, а понекогаш дури и без вистински идентитет, што за жал посебно е изразено во Босна и Херцеговина.
Таква фрагментираност, тврди францускиот геополитички стручњак Francois Thual, потребна е за контрола и хегемонија на НАТО пактот над геоекономската зона која се протега од Блискиот Исток, Црно Море до Јадран, за полесно транспортирање на плин, нафта и богатства на Средна Азија и Блискиот Исток до Европа. Планот за воспоставување на хегемонија над Балканот е спроведен истовремено и непосредно по уништувањето на Советскиот Сојуз, кој владееше со Бугарија и Романија, и делумно имаше влијание на политиката на СФРЈ. Но, денес работите се променети и изменетото геополитичко сценарио гледа се поголемо зајакнување на влијанитето на модерна Русија на Блискиот Исток и брз напредок на идејата за мултиполарен светски поредок.
Во последните неколку години тоа го забележа и НАТО, чиј план за потполна контрола на Балканот полека станува реалност. На пример, дури и ако со количина не можат да му конкурираат на рускиот план, проектите за гасоводите TAP и TANAP, кои преку Турција, Грција и Албанија, а во случајот со гасоводот TANAP дури и преку Македонија, ќе го поврзе Азербејџан со Европа силно го поддржа и Трамп, што е дел од неговиот план за ослободување на “каприциозната“ европска колонија од енергетската зависност од Русија. Ова е само дел од сложувалката во која Македонија игра важна улога.
Впрочем, Балканот уште во деветнаесетиот век бил дел од спорот и немилосрдната деконструкција на Османлиското Царство, бојно поле на спротивставени геополитички сили кои за свои сопствени интереси одлучиле да ги искористат стремежите и националните чувства на јужнословенските и другите народи на Балканот.
Подрачјето на кое денес се простира Република Македонија не било иземено во овој процес. На пример, уште во 1845. рускиот научник Виктор Григорович патувајќи низ Балканот за да ги проучи јужнословенските дијалекти прв опишал два одвоени “бугарски дијалекти“, еден западен и еден источен.
Крсте Петков Мисирков, кој е роден во Пела во грчка Македонија, кој “западно бугарскиот дијалект“ го дефинирал како “македонски“ и во 1903. во своето дело “За македонцките работи“ пишувал за потребата од создавање стандардизиран македонски литературен јазик.
И денес препознавањето навистинскиот македонски идентитет е проблематично. Во јазичните термини идиомите се разбирливи со бугарските. Од друга страна, секој обид за поврзување на модерната македонска нација, особено заради тежината која во земјата го има албанското малцинство, со Македонците Филип и Александар, би било повеќе од бесмислен напор целосното порекнување на историската вистина.
Всушност, дури и создавањето на модерна Република Македонија, е повеќе од потребата на една специфична, етничка, национална и верска група да и се потврди политичкиот легитимеитет, изгледа како намера на хегемоните да го искористат секој облик на партикуларизам, за што подобро да ги зачуваат својата политичка и економска доминација над самата новосоздадена Македонија.
Сега, речиси парадоксално, целата Македонија не се вклопува во долгорочниот план, затоа што моментната технократска Европска Унија, иако американска творба, повеќе не им одговара на стратешките интереси на центарот. Не е случајно што пред само една година, кога во драматичната криза земјата опасно се движеше помеѓу Западот и сојузништвото кое му се спротивстави, Dana Rohrabacher, од американскиот Пододбор за Европа, Евроазија и новите закани, отворено изјави “дека од негова точка на гледиште, подрачјето на Македонија мора да се подели помеѓу соседните држави.  
Неуспехот на референдумот од 30 септември за Преспанскиот договор, на кој излегоа само 34% од гласачите, веројатно ќе доведе до нова напнатост и ќе ја продолжи кризата која трае од пролетта 2015. и кога е покренат првичниот план за симнување од власт на поранешната Влада и носење на власт на таканаречените “социјалдемократи“ на Зоран Заев и коалицијата на албанските партии познати под името “Тиранска платформа“.|
Тоа е очекувано сценарио во земјата во која сериозни надворешни влијанија ја обележуваат домашната политика од раѓањето на земјата во 1991. година, кога Македонија стекна независност од Југославија, по референдумот кој го бојкотираа Србите и Албанците.
По терористичките напади, обидот за спроведување Шарена револуција, демонстрациите и притисокот од Брисел и Вашингтон, по општите избори во декември 2016. година претседателот Ѓорге Иванов беше присилен задачата за формирање Влада да му ја даде на водачот на  проевропската и атлантистичка Социјалдемократска партија на Македонија (СДСМ), на Зоран Заев, кој по повеќе одлагања и однапред постигнатиот договор на изборите излезе во коалиција со најголемата партија на албанското малцинство ДУИ. Сметката е направена однапред и оваа коалиција добива мнозинство пратенички места во Парламентот, 59 наспроти 51 место на опозицијата.
Неподготвеноста на претседателот на почетокот да му го даде мандатот за составување Влада на Заев, што на прв поглед изгледа како “недемократски став“, имаше многу подлабоки причини. Претседателот Иванов тогаш се правдаше дека пренесувањето на власта на тогашниот опозициски лидер Заев може дополнително да ја влоши етничката фрагментација во државата.На подрачјето на Македонија живеат околу 509.000 Албанци, 27% од вкупниот број на жители, а Македонци има 1.300 000. Покрај нив се и другите малцинства како Срби, Бошњаци, Турци и други, но тие имаат незначително и ограничено влијание. Претседателот дури се повика на членот 84. став 1. Уставна повелба според која само највисокиот институционален орган може да даде мандат за формирање Влада.
Всушност,  сојузот помеѓу СДСМ и ДУИ е последица на политички договор на албанските партии, кои под покровителство на премиерот Еди Рама ја воспоставија таканаречената “Тиранска платформа“, која одлучи да го поддржи Зоран Заев.
Меѓутоа, оваа платформа бара признавање на албанскиот за службен јазик во Македонија рамноправен со македонскиот, реформи во правосудството, како и брзо влегување на земјата во ЕУ и Нато, но по обратен редослед, што во суштина е потполно неважно.
И покрај очигледната аверзија кон челникот на таканаречените “социјалдемократи“, претседателот Иванов под притисок на меѓународните институции му го дава мандатот на Заев и тој станува премиер во мај 2017. Меѓутоа, јазот меѓу политичките институции во земјата  останува непроменет и по втор пат силно ескалира по потпишувањето на Преспанскиот договор, според кој Скопје и Атина  би ги решиле речиси триесетгодишните контроверзи околу името на земјата.
Решението, ако биде одобрено, би и овозможило на Македонија прифаќајќи го името Република Северна Македонија да ги отвори преговорите  за членство во ЕУ и НАТО. Претседателот Иванов веднаш се спротивстави на овој договор и го нарече флагрантно кршење на националниот суверенитет и непрекинато  се залагаше за бојкот на референдумот, заедно со опозициската партија ВМРО_ДПМНЕ, која сега ја води Христијан Мицкоски.
Иако референдумот беше консултативен, неуспехот претставува двоен пораз, и за Заев и за грчкиот премиер Алексис Ципрас, ако се има во вид дека со “успехот“ на референдумот и промената на името Атина полесно би го реструктуирала долгот со Брисел и Ципрас триумфално би можел да каже дека земјата ја “извлекол од оковите на Тројката“.
Приказната за Ципрас е позната. Избран е со големи очекувања од страна на грчкиот народ, а излезе дека само ги спроведува налозите на Брисел, дека е одличен технократ и ја вкотви Грција во должничко ропство од кое нема да излезе уште десетици години. Меѓутоа, неговата е една од ретките Влади која и покрај тешката граѓанска криза, предано е посветена на издвојување 2% од БДП-то за воени трошоци. Освен тоа, воспостави не помалку необична геополитичка оска со Израел, што го оправдува со експлоатацијата на гас во источен Медитеран.
Потпретседателот на македонската Влада, Албанецот Бујар Османи, рече дека за него референдумот ќе биде добар дури и во случај на неуспех и непостигнување на цензус, што и се случи. На иста бранова должина се и Заев, кој се заканува со предвремени доколку Парламентот не го одобри Договорот со Ципрас, но и еврокомесарот за политика на проширување на ЕУ Јоханес Хан, кој рече “дека треба да се земат предвид големиот број гласови во корист на промена на името“.
Немаше обвинување за вмешаност на Русија во референдумот, иако е вистина дека на Москва и е во интерес избегнување на понатамошно проширување на НАТО пактот на Балканот. Но, рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров признава дека само дестабилизација на Македонија му одговара на прецизниот план на западната саботажа на рускиот гасовод “Турски тек“, што не е погрешно.
 Опозицискиот челник Мицкоски често го нарекуваат “проруски“, затоа што има нејасниставови за влезот на земјата во ЕУ и НАТО.
Во моментов вистински интерес на Русија, како и на Блискиот Исток е да се избегне понатамошна дестабилизација која сериозно би ги загрозила нејзините интереси, а оние на Балканот не се толку геостратешки колку што се геоекономски.
“Играта “ со гасоводите е особено важна во перспективата на Москва за да и се спротивстави на Трамповата доктрина на “Енергетска доминација“, како начин на обнова на униполарната хегемонија на Соединетите Држави преку контролата на глобалниот пазар со енергенси.
Значи кризата на малиот балкански народ се уште е далеку од конечна разрешница. Проблемот е во тоа што ако тоа им користи на геополитичките интереси на оваа криза, не може да се исклучи распарчувањето на Македонија, а тоа не би било прв пат НАТО да ја искористува етничката фрагментација на регионот за остварување на своите цели.
Не би било ни прв пат за оваа цел да се користи митот за Голема Албанија, околу кој се собираат бројни албански сепаратистички групации на југот на Балканот. Парадоксално е тоа што овој мит е попопуларен кај албанското малцинсво кое живее во соседните земји, отколку во самата Албанија.
Актуелната албанска Влада делува речиси принудена да ги следи експанзионистичките политики и континуирано вплеткување во внатрешните работи на соседните земји кои никогаш не и припаѓале. Голема Албанија никогаш немала историски преседани, ако го исклучиме краткиот период на Втората светска војна, во која, по желба на италијанските фашисти регионот Косово е додаден на земјата. Историчарот Паскал Мило, на пример, често ја протежира тезата дека албанскиот национализам е “производ“ кој настанал вон границите на албанската нација.
Освен тоа, многу познати се настаните кои доведоа до тоа НАТО да го поддржи процесот на формирање на псевдодржавност на Косово, кое според повеќе извештаи во моментов е камп за обука на неколку исламистички терористички групации.
Помалку позната во светот беше албанската побуна во западиот дел на Македонија во 2001. година, која заврши со Охридскиот договор благодарејќи на кој албанските милитанти го оставија оружјето, и се откажаа од движењето за независност во замена за признавање на еднакви политички права во пограничните подрачја на Македонија со Албанија и Косово.
Накратко, Република Македонија денес е под голем притисок затоа што настанала во време на идејата дека здружените немоќни сили на Западот, сепак, ќе успеат да воспостават полна геополитичка контрола над Западен Балкан. И покрај неодамнешната манифестација на будење на народот, што резултираше со бојкот на референдумот, на Македонија може да и биде судено да ја дели судбината на многу други држави кои никогаш не биле вистински суверени, а тоа е исчезнување или асимилација.
Оттаму овој бојкот на референдумот е историски настан, затоа што е искра која може да се распламти во пожар на суверенитетот, колку и да е една земја мала, и за многумина “безначајна“. Но, не треба да се залажуваме. Силите кои ги водат македонската државност и суверенитет во исчезнување се моќни и ќе имаат голема поддршка. Се е во рацете на Македонците, затоа што никој не може да ја одработи оваа работа за нив.   

Н. Бабиќ www.logicno.com

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.