Референдумот-историски чекор кон иднината, тврди Робертсон

Кога бев генерален секретар на НАТО бев приморан да ја нарекувам земјата ФИРОМ и тоа беше погрешно. А, тоа може да се смени засекогаш на 30 септември.
На синоќешната трибина „ЗА европска Македонија“ одржана во Битола 72-годишниот Џорџ Робертсон, уште додаде дека Договорот од Преспа и го гарантира на Македонија влезот во ЕУ и НАТО.
Поранешениот генерален секретар на НАТО тврди дека Договорот кој е постигнат со Грција ни ги гарантира идентитетот, културата и јазикот, и ни ја отвора вратата кон Европа.
На трибината свое обраќање имаа и Стево Пендаровски, национален координатор на НАТО, како и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.