Референдумот и официјално пропадна, решението е објавено во „Службен весник“

Во завчерашниот број на “Службен весник на Р.Македонија” бр.186 објавен е извештај за конечните резултати од гласањето на Референдумот на државно ниво одржан на 30 септември 2018 година.
Во објавата во “Службен весник“ стои дека согласно конечните резултати од гласањето на Референдумот 2018, одлуката не е усвоена бидејќи не гласале повеќе од половината од вкупниот број граѓани запишани во Избирачкиот список.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.