Референдумот на 30 септември е едно големо промашување

Според официјални анкети на ОБСЕ, кои се однесуваат околу излезеноста референдумот ќе доживее фијаско. Според анкетите кои ги изврши ОБСЕ за нивни потреби, излезеноста за претстојниот референдум ќе биде 32,3 % или вкупниот број на лица со право на глас, 1.910.000 на претстојниот референдум заклучно со денешниот ден (13.09.2018 година) би излегле 32,3 % или 616,930 граѓани со право на глас.
Оваа бројка има значение дека претстојниот референдум е едно големо промашување и ако се оди по оваа математика, неуспешен .За да се оствари цензусот потребен за успешен референдум недостасуваат уште 300 илјади гласачи.Ваквата незаинересираност на граѓаните се должи на фактот дека партиите кои се во власта ги изневериле своите гласачи, незадоволството кај народот е огромно.
Но, од ОБСЕ, неофицијално, велат дека медиумската пропаганда за претстојниот референдум на партиите на власт е комплентно промашена. Според нив, маркетингшките пропаганди на Фејсбук, Твитер и Инстрагам не допираат до граѓаните, посебно во помалите средини каде населението послабо ги користи овие социјални мрежи.Медиумскиот простор во Македонија има слаба застапеност за претстојниот референдум, а познавачите предупредуваат дека доколку партииите на власт не ја променат својата стратегија и не се насочат кон реалните проблеми на претстојниот референдум ќе доживеат вистинско фијаско.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.