РЕФЕРЕНДУМ ЗА ВОЈНА !? Латинска Америка на чекор пред крвав конфликт ?

Во Венецуела се одржува референдум за одлучување за иднината на голем дел од соседна Гвајана, за која венецуелската Влада тврди дека била украдена кога границата север-југ била исцртана пред повеќе од еден век.

Гвајана смета дека референдумот е чекор кон анексија.

Путин: Во Русија производството на оружје е значително зголемено
Претседателот на Русија Владимир Путин денеска изјави дека Русија значително го зголемила производството на многу барано оружје и ги подобрила нивните карактеристики врз основа на искуството стекнато за време на војната во Украина. „Денес, претпријатијата од одбранбената …
Принцот Вилијам ја изневерува Кејт со овој познат маж? Шок фотографиите од ресторан во Полска ги подгреаа гласините за врска
Светот го потресе веста дека принцот Вилијам има преференции за ист пол, а фотографиите од папарацо од геј ресторан направија дополнителна врева и фрлија сомнеж за сексуалната ориентација на принцот.„Валканите гени“ на британската монархија се навраќаат во …

Референдумското прашање е дали Венецуелците поддржуваат формирање држава на спорната територија позната како Есекибо, давање државјанство на сегашните и идните жители на областа и отфрлање на јурисдикцијата на највисокиот суд на Обединетите нации за решавање на споровите меѓу двете јужноамерикански земји.

Меѓународниот суд на правдата во петокот и нареди на Венецуела да не презема мерки што би можеле да ја сменат контролата на Гвајана врз Есекибо, но судиите конкретно не им забранија на официјалните лица да го одржат денешниот референдум со пет прашања.

Гвајана побара од судот да и нареди на Венецуела да го прекине гласањето на референдумот.

Правните и практичните последици од референдумот остануваат нејасни, посочуваат медиумските агенции.

Територијата на Есекибо од 159.500 квадратни километри е две третини од Гвајана и исто така се граничи со Бразил, чие Министерство за одбрана на почетокот на неделава соопшти дека ги „интензивирало одбранбените акции“ и го зголемило своето воено присуство во регионот поради спорот.

Есекибо е територијално поголема од Грција и е богата со минерали.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.