Рецепти од кујната, црното пиво е за нега на коса, а кафето за пилинг

Редовниот пилинг е еден од најважните чекори во негата на кожа, препорачува др. Мехмет Оз. Затоа тој советува да се посветите на здравата храна, тоа го препорачува и неговата соработничка Лаура Хитлеман, од спа центарот во Кањон Ранч. Целиот третман за убавина, препорачува дека треба да се почне со пилинг на лице и тело, а да се заврши со косата.
За пилингот на лице ви се потребни папаја, ананас и мед. Сите состојки измешајте ги во блендер и со нежни кружни движења нанесете на лицето и вратот. Оставете да делува десетина минути па измијте се. Можете да ја нанесувате два пати неделно. За пилинг на телото, припремете шолја мелено кафе, пола лажиче шеќер и лажичка кокосово масло, измешајте и масирајте на влажна кожа од 7-10 минути, па истуширајте се.


Кога ќе се погрижите за телото, сторете го тоа и за косата. Половина лажичка јогурт и пола лажичка мед. Смесата нанесете ја на косата и нека делува 20 минути. Измијте прво со топла па со ладна вода, да се затворат порите.
Косата е најзабележителен дел од нас, и не е ни чудо секогаш да сакаме да и го вратиме сјајот.Ако косата ви е оштетена и сува, ви предложуваме маска богата со протеини, со јајца, која ќе ви го обнови влакното . За маската е потребно да ги измешате јајцата, по лажичка кокосово и маслиново масло мед и малку вода. Треба да се меша додека не се добие соединета маса, која се нанесува на косата и оставаме да делува 15 минути. Потоа косата се мие со шампон. Сувата и оштетена коса е нешто со кое се борат голем број од жените кои постојано ја потшишуваат косата за очајнички да изгледаат подобро. Медот и маслиновото масло ќе ви помогнат да ги омекнат врвовите.
За зголемување на волуменот ви треба лажичка маслиново масло и лажичка црно пиво. Помешајте ги состојките за да може да ги ставите во чашка и промешајте. Прелијте ја косата со смесата, масирајте ја главата темелно, нека ви делува пет минути, па добро измијте ја косата. Маслиновото масло е познато како хранливо и регенеративно и е потребно за мека коса, а темното пиво отсекогаш било познато да го зголеми волуменот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.