Рецепт за вкусен кремаст десерт што се топи во устата

Потребни состојки:
1 литар млеко (може да биде и растително)
170 грама шеќер
130 грама брашно
60 грама скроб
1 лажичка ванилин шеќер или екстракт од ванила
2 лажици путер (маргарин, кокосово масло)
100 грама печени кикирики или некои други јаткасти плодови
100 грама чоколадо за готвење
кокосово брашно за декорирање
Начин на подготовка:
Турете го млекото во сад, ставете го на тивок оган и додајте 170 грама шеќер, 130 грама брашно, 60 грама скроб и ванилин шеќер.
Постојано мешајте додека кремот не стане целосно мазен и без грутки.
Тргнете го од оган, додајте 2 лажици путер и добро измешајте.
Турете го кремот во чаши од 180 мл и ставете го во фрижидер за да се стегне.
Извадете го изладениот десерт од чашите, исечете го на половина и превртете ги страните во ситно сечкани кикирики.
Растопете го чоколадото во микробранова печка и истурете го одозгора, а потоа украсете со кокос.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.