Кога станува збор за чоколадо во комбинација со лешници, очигледно е дека ќе биде нешто многу вкусно.
Рецепт за вкусна чоколадна пита со лешници
Потребни состојки:
300 грама брашно
150 грама растопен путер на собна температура
4 лажички шеќер
малку сол
прашок за печиво на врвот од нож
1 ќесичка ванилин шеќер
1 јајце
1/2 литар млеко
2 ќесички пудинг од чоколадо
70 грама чоколадо со висока содржина на какао
7 лажички шеќер
80 грама путер
5 полни лажици лешници
Начин на подготовка:
Измешајте ги брашното, ванилиниот шеќер, прашокот за печиво, шеќерот, малку сол, путерот и јајцето и измесете мазно тесто. Завиткајте го во фолија и оставете го во фрижидер.
За тоа време направете го филот. Скршете го чоколадото на парчиња.
Загрејте го млекото, измешајте ги пудингот и шеќерот и одземете доволно од млекото за да ги промешате пудингот во прав и шеќерот во мазна смеса без грутки. Истурете го пудингот во зовриеното млеко и додајте ги парчињата чоколадо, па гответе сè заедно додека смесата не згусне. Потоа тргнете ја од оган и веднаш додајте го путерот. Измешајте сè добро, потоа оставете го филот да се излади и мешајте ја смесата неколку пати или покријте ја со проѕирна фолија за да не се формира кора на површината.
Лешниците исечкајте ги ситно.
Поделете го тестото на два дела. Раширете го првиот дел од тестото на хартија за печење во мал плех (25 х 35 см), прелијте го со зготвениот чоколаден фил, па посипете дел од лешниците врз филот, потоа одозгора ставете го останатиот дел од тестото и завршете со остатокот од лешницете.
Печете на температура од 180 Целзиусови степени, околу 40 минути. Посипете со шеќер во прав или со малку глазура од чоколадо.