Рецепт за домашен леб од тиква

Тиквата содржи антиоксиданти, растителни влакна, магнезиум, калиум и витамини Б, Ц, Е и К, додека нејзината кора е богата со провитамин А и со алфа и бета-каротен. Исто така, семките од тиква содржат протеини, манган, влакна, магнезиум, фосфор и цинк. Тиквата е нискокалорична намирница во којшто може да уживаат и дијабетичарите.
Рецепт за домашен леб од тиква
Погледнете како да подготвите здрав леб од тиква, а на врвот можете да додадете и семки кои се полни со протеини и со здрави масти.
Потребни состојки:
50 грама бадемово брашно
50 грама кокосово брашно
1/2 лажичка сода бикарбона
1/2 лажичка прашок за печиво
1/2 лажичка цимет
1/4 лажичка сол
4 јајца
80 милилитри рафинирано кокосово масло, стопено
180 грама пире од тиква
120 грама еритритол (природен засладувач)
60 милилитри млеко по ваш избор
1 до 2 лажици сурови семки од тиква


Начин на подготовка:
1. Загрејте ја рерната на 180 ° С. Во тава за печење ставете хартија за печење и намачкајте ја со масло.
2. Во голем сад додајте ги бадемовото и кокосовото брашно, сода бикарбоната, прашокот за печиво, циметот и солта. Измешајте сè заедно.
3. Во сад со средна големина, додајте ги јајцата, кокосовото масло, пирето од тиква, еритритолот и млекото. Измешајте сè заедно.
4. Додајте ги влажните состојки на сувите и промешајте.
5. Ставете ја смесата во тавата за печење и нанесете ја рамномерно. Одозгора ставете семки од тиква.
6. Печете 35 до 40 минути, сè додека чепкалка со којашто ќе проверувате не излезе чиста.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.