Целодневното изложување на сонце, сол, хлор и ветер може да ја направи вашата кожа сува во текот на летните месеци. Со оглед на тоа што ваквата кожа има потребна од зголемена хидратација, можеби нема да ви бидат доволни лосионите кои најчесто ги користите за таа намена. Но, не грижете се, ние го имаме најдобриот рецепт за вас со чија помош можете да направите одличен лосион за тело којшто ќе ја одржува вашата кожа хидрирана дури и во најекстремните услови.
Потребни состојки:
70 милилитри бадемово масло или маслиново масло (маслиновото масло потешко се впива во кожата)
30 милилитри билен дестилат (од нане или лаванда)
15 капки етерично масло од нане
Начин на подготовка:
Ставете ги сите состојки во мала боца од 100 милилитри со распрскувач. Добро протресете го пред употреба и нанесете го на кожата по секое туширање. Можете да го користите и повеќе пати во текот на денот, доколку чувствувате дека ви се суши косата и дека имате потреба од него.