Обландите се еден од омилените десерти на многумина. Денес ви споделуваме рецепт за обланди за кој сме сигурни дека ќе му се допадне на целото семејство.
Потребни состојки:
700 грама шеќер
2 децилитри вода
375 грама маргарин
400 грама млеко во прав
100 грама чоколадо
1 пакување обланди
Начин на подготовка:
Во сад ставете шеќер и вода. Гответе додека не се згусне, па додадете го маргаринот да се растопи. Се трга од оган и се додава млекото во прав. Изматете убаво со миксер и поделете ја масата на два дела. Во едниот дел додадете чоколадо. Намачкајте го едниот лист обланда со темен фил, а другиот со светлиот фил и така наизменично. Оставете го колачот да се излади и притиснете го со нешто одозгора. Исечете и послужете. На здравје!