Рецепт за лесен детокс што го чисти замастениот црн дроб

Алкохолот е најголемиот виновник за појавата на оваа болест
Од замастен црн дроб најчесто боледуваат алкохоличарите, но сè почесто во ризични групи спаѓаат и дијабетичарите, гојазните и трудниците
Една од најчестите причини за замастен црн дроб е алкохолизмот. Претераната консумација на алкохол го менува начинот на разградување и складирање маснотии, а за оваа состојба придонесува и хроничната потхранетост, која честопати е присутна кај алкохоличарите.
Во случај на неалкохолен замастен црн дроб, доаѓа до насобирање маснотии во црниот дроб кое не е предизвикано од алкохол, а сè почесто се појавува кај екстремно гојазни жени, трудници или дијабетичари.
Замастен црн дроб е нарушување при кое доаѓа до дифузно акумулирање неутрални масти (триглицериди – еден од видовите масти што се користи за добивање енергија и создавање нови клетки) во клетките на црниот дроб, како последица на нарушено разградување на мастите.
Диеталната исхрана е составен дел од лекувањето на пациентите со замастен црн дроб. Со правилна диета, се постигнува брзо и целосно закрепнување, а правилната исхрана го штити црниот дроб и му овозможува правилна функција.
Испробајте го овој еднодневен детокс, кој е идеален третман за црниот дроб:
1. Кога ќе се разбудите, испијте чаша топла вода со цеден лимон и малку мед.
2. Испијте свеж сок од морков или изедете салата од рендани моркови и јаболка.
3. Појадок: чинија мешана овошна салата со една лажица семиња или фрапе од цреши и оризово млеко. Изедете онолку колку што ви треба да се чувствувате сити.
4. Пред ужината, испијте чај од маточина и чаша или повеќе чаши вода.
5. Ужина: свежо цеден овошен сок и интегрални бисквити или салата од свеж целер и моркови.
The post Рецепт за лесен детокс што го чисти замастениот црн дроб appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: