четврток, 12 ноември 2026
Најново

Рецепт за македонски ајвар: Стар со децении, им успева на сите!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Пробајте го овој традиционален рецепт за ајвар кој со децении се пренесува од генерација на генерација…
Состојки:
10 килограми црвени пиперки
3 големи модри патлиџани
5 децилитри масло
сол по желба
1 голема лажица шеќер


Приготвување:
Испечете ги пиперките на рингла или во рерна. Веднаш по печењето, ставете го во пластични вреќички неколку минути за да омекнат и да ви се олесни отстранувањето на лушпите.
Кога ќе се оладат малку, секоја пиперка излупете ја и исчистете ја од семки, па ставете ги во голема цедалка или мрежеста вреќа, која ќе ја закачите за да се исцедат пиперките (потребни се најмалку 3 часа за цедење).
Испечете ги модрите патлиџани исто како пиперките, потоа исто така задржете ги кратко во вреќички, па излупете ги и оставете ги да се цедат.
Исцедените пиперки и патлиџани сомелете ги со рачен апарат за мелење месо, па сето тоа префрлете го во голем лонец и ставете го на тивок оган.
За време на готвењето, непрекинато мешајте, а маслото постепено сипувајте го по 1 децилитар на секои 20 минути. Мешајте непрекинато, бидејќи маслото не смее да излезе на површина.
Најлесно ќе проверите дали ајварот е готов, ако поминете со дрвена лажица по дното на лонецот, по што треба да создаде пат од лажицата, односно треба да го видите дното на тенџерето.
Солта и шеќерот додајте ги пред самиот крај, односно во последните 20 минути од готвењето. Во меѓувреме, додека ајварот се прави, треба да ги подготвите теглите. Загрејте чисти тегли на 50 степени и во нив сипете го ајварот додека уште е топол. На врвот од секоја наполнета тегла ставете малку масло и затворете ги со капак, па оставете ги во кутија и покријте ги со чаршав.
Оставете ги покриени постепено да се ладат 24 часа, а потоа тргнете ги на ладно и мрачно место.

Поврзани вести