Згмечениот печен компир е хит меѓу многу од готвачите веќе некое време.
Станува збор за двојно термички обработен компир кој прво се вари, а потоа се пече во рерна.
Крцкавоста е загарантирана доколку компирот пред да го ставите во рерна го згмечите со виљушка, чаша или пак било кое друго кујнско помагало, односно доколку му ја израмните површината.
Состојки:
– 1 килограм компири;
– 1/2 лажичка лук во прав;
– 1/2 лажичка кромид во прав;
– сол и пипер по желба;
– растително масло за премачкување;
– свеж магдонос за послужување.
Подготовка:
1. Добро измијте ги компирите од сите евентуални нечистотии. Најдобри резултати ќе добиете доколку користите мали компири со лушпа, но може да ви послужат и поголеми компири кои ќе ги исечете на еднакви коцки.
2. Ставете ги исчистените компири во тенџере со вода и варете 20-25 минути, односно до моментот кога со виљушка ќе може да ја пробиете површината од компирот.
3. Исцедете ги варените компири и оставете ги да се изладат околу пет минути.
4. Загрејте ја рерната на 220 степени Целзиусови.
5. Ставете ги варените компири на плех за печење кој сте го премачкале со масло за јадење. Со виљушка или некој друг кујнски предмет згмечете ги компирите за да ги израмните на дебелина од околу еден центиметар. Колку компирот е потенок, толку ќе биде покрцкав.
6. Над компирите ставете малку масло за јадење, па зачинете со сол, пипер, лук и кромид во прав.
7. Ставете ги во рерна да се печат околу 25 минути додека не станат крцкави и не добијат боја.
8. Послужете ги компирите додека се топли со зачини по желба.
Пријатно јадење!