Одлично оди со печено пилешко или свинско месо
„Кога одам во нов тајландски ресторан, обавезно нарачувам салата од папаја и tom yum супа. Ако нешто од тоа не чини, веројатно нема да биде добра другата храна“, открива моделот и водителка Криси Тајген. Нејзината мајка Вилајлук е родена во Тајланд и подготвува домашни специјалитети за нејзината ќерка до пет пати неделно. „Ставаме многу повеќе чили отколку што пишува во рецептот, а освен со ориз, одлично оди со печено пилешко или свинско месо. Ако не можете да најдете папаја, можете да користите боранија, па дури и рендана свежа краставица“, вели таа.
Состојки
1 лимета (зелен лимон)
1 голема јалапењо пиперка или 3 свежи тајландски чили пиперки
1 исушена тајландска чили пиперка
2 чешниња лук
2 лажици палмин или друг кафеав шеќер
10 шери домати
2 лажици сос од риба
500 гр зелена папаја (или боранија)
3 лажици несолени тостирани кикирики
варен ориз од јасмин
Подготовка
Исечете половина лимета на тенки парчиња и иситнете ги во смесата со чили пиперки, лук и шеќер додека шеќерот не се стопи и сè не се измеша добро. Додадете ги доматите и лесно изгмечете ги. Стиснете го сокот од преостанатата половина лимета (приближно 1 лажица) во смесата и промешајте го сосот од риба. Ако користите зелена папаја, излупете ја, извадете го семето и исечете ја на тенки ленти. Ако користите оранија, исечете ги на должина од 5 сантиметри. Треба да набавите четири чаши папаја или боранија. Додадете го преливот во исечената папаја или боранија и измешајте сè добро да се соедини. Поделете во чинии, а одозгора ставете ги тостираните кикирики. Послужете со варен ориз.