Станува збор за салата која е лесна за подготовка, а највкусна кога е ладна. Во продолжение прочитајте го рецептот.
Потребни состојки:
500 грама печурки
250 грама ориз
250 грама пилешко бело месо
200 грама слатка пченка
5-6 кисели краставички
300 грама мајонез
павлака
оригано
сол и црн пипер
Начин на подготовка:
Сварете го пилешкото бело месо, испржете ги печурките и сварете го оризот со слатката пченка. Кога пилешкото ќе се олади, исечкајте го на ситни парчиња, а печурките исечкајте ги на поголеми коцки. Оризот и слатката пченка добро исцедете ги. Измешајте ги сите три состојки, додадете ситно сечкани кисели краставички, мајонез, павлака и оригано. Додадете сол и црн пипер по вкус. На здравје!