Овој рецепт за сладолед се прави исклучиво од овошје и нема додаден шеќер, млеко или јајца. Совршен за оние кои постат или не јадат млеко и јајца!
Потребни состојки за 3 порции:
3 замрзнати банани
неколку грама замрзнати малини
неколку грама замрзнати капини
2 лажици какао
Начин на подготовка:
1.За 3 порции треба да исечкате 3 замрзнати банани. За првата порција ставете 1 замрзната банана и неколку замрзнати малини во блендер и убаво изблендирајте. Префрлете ја смесата во сад и украсете со малини.
2.За втората порција, изблендирајте 1 замрзната банана со неколку замрзнати боровинки. Префрлете ја смесата во сад и украсете со боровинки.
3.За третата порција, изблендирајте 1 замрзната банана со две лажици какао. Префрлете ја смесата во сад и декорирајте со чоколадо. На здравје!