Одри Хепберн е позната по својата тенка фигура која во текот на годините била предмет на критики за пореметување во исхраната.
Но, вистина е дека таа никогаш не држела диети. Нејзиниот долгогодишен партнер, Роберт Волдрес во една прилика изјавил дека таа уживала во долгите прошетки и имала здрав метаболизам.
Нејзината исхрана била здрава и едноставна. За појадок, таа и Волдрес често консумирале интегрален леб со мармалад, за ручек месо или тестенини со свежи производи од градината, а за вечера пилешка супа со зеленчук.
“Таа беше луда по тестенини”, се присетува нејзиниот син Доти. Тој во својата книга “Audrey At Home” напишал: “Мојата мајка имаше сериозна зависност од тестенини. Таа не можеше без паста”.
“Нејзиниот апсолутен фаворит беа шпагетите во сос од домати. Можеше да живее само од тоа”, вели Доти.
Во продолжение, ви го претставуваме омилениот рецепт на Одри Хепберн.
• 200 гр. шпагети (или други тестенини)
• 4-5 домати
• неколку листови босилек
• 3-4 лажици маслиново масло
• 2 моркови
• една главица црвен кромид
• едно чешне лук
• еден помал целер
• пармезан (по желба)
• сол и бибер
Ставете маслиново масло во тава и додадете го ситно исецканиот кромид. Оставете да се пропржи, а потоа додадете го морковот, лукот, целерот и исецканите домати. Промешајте а потоа додадете сол и бибер. Штом ќе испари водата од доматите, додадете го босилекот и тргнете ја тавата од оган. Сварете ги тестенините, а потоа измешајте ги со сосот.
Погледнете го видеото: