Рецепт кој се користи веќе со децении: Ги исфрла наталожените токсини од цревата, ја намалува надуеноста и ја обновува кожата

Овој народен рецепт е познат уште од дамнешни времиња.
Кога организмот е во добра состојба, тоа се одразува и на состојбата на кожата. Самиот морков има многу позитивни ефекти за организмот, благодарение на влакната, витаминот А и бета-каротенот со кои изобилува, а кога ќе го измешате со уште неколку состојки ќе добиете вистински мелем за стомакот.
Овој лек е познат уште од дамнешни времиња, а нашите баби го користеле за проблеми со цревата и за да ѝ ја вратат свежината на кожата.
Посебно влијание има врз забавената работа на цревата, подуеноста и ждригавицата. Овој лек успешно ќе ги реши и проблемите со констипација, а еве како се подготвува:
Потребни состојки:
• 3 поголеми моркови
• 1 лажичка мед
• прстофат мелена црвена пиперка
• половина лажичка масло за јадење
Начин на подготовка:
Изрендајте ги морковите во чинија, па додајте ги и преостанатите состојки. Мешајте додека не се соединат и лекот е спремен за употреба.
Се препорачува мешавината да се јаде наместо појадок, а треба да се консумира половина час по будењето. По 10 дена редовна примена, ќе забележите подобрување и чувство на леснотија во стомакот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.