Речиси две третини од граѓани не скенираат фискални сметки

Двајца од тројца граѓани не ги скенираат фискалните сметки.
Според анкетата која за Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје, 64,1% од граѓаните не ги скенираат фискалните сметки, додека апликацијата за поврат на ДДВ ја користат само 35,2% од анкетираните граѓани.
Причина за тоа е веројатно малата сума која граѓаните ја очекуваат како поврат.


Според анкетата, најголемиот дел од анкетираните граѓани очекуваат прилив од околу 500 денари месечно. Вкупно некаде околу 14% од анкетираните очекуваат прилив меѓу 300 и 600 денари месечно. 1% очекуваат околу 1000 денари секој месец, додека 0.2% очекуваат дури 3.000 денари месечно.
Проектот за поврат на ДДВ на физички лица владата го воведе на почетокот на летото. Прoектот функционира на тој начин што секоја фискална сметка треба да се скенира со телефон преку специјална апликација. На крајот на секое тримесечје граѓаниtе треба да добијат 15% од платениот ДДВ на фискалните сметки кои ги скенирале преку апликацијата „Мој ДДВ“
Анкетата на Институтот за политички истражувања е спроведена телефонски во периодот од 25 до 29 октомври годинава врз репрезентативен примерок од 1101 испитаници.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.