Речиси 50 проценти од жените жалат за една работа во својот живот! Ќе ве изненади кога ќе дознаете за што се работи

Според едно универзитетско истражување, дури 50 отсто од жените жалат за истото во животот – за пропуштената можност за љубовна врска.Во една интересна студија  спроведена на универзитетите во Илиноис и Нортвестерн, беа анкетирани 370 возрасни Американци, на возраст од 19 до 103 години. Сите жени беа прашани за што најмногу жалат во животот.Речиси половина од сите анкетирани дами, 44 отсто од нив, изразиле жалење што не влегле во романтична врска кога имале можност да го направат тоа. Само 19 отсто од мажите го кажале истото. Исто така, слободните момци и девојки повеќе размислувале за своето минато отколку оние кои преминале во нови, посветени врски.Најмногу се жали на изгубените љубовиОние кои зборуваа за она што им недостасува во животот се фокусираа на изгубените љубови. – Луѓето ги спомнуваа средношколските романси, работи кои им „избегаа“, вели Нил Џеј Роуз, психолог и професор во Нортвестерн, кој го спроведе истражувањето.Интересно е што испитаниците биле подеднакво поделени на жалење за ситуации во кои преземале акција и за жалење за ситуации во кои не успеале да дејствуваат. Оние кои чувствувале жалење што не направиле повеќе за да ја спасат својата изгубена љубов, имаат тенденција да се жалат значително подолго од оние кои се каеле за преземените постапки.– Оние кои зажалиле од порано, имаат тенденција да се фокусираат на изгубените можности, на работи што можеле да ги направат поинаку – рече д-р Роуз. И жалењето може да помогнеД-р Роуз, исто така, рече дека оние кои зажалиле за неодамнешните постапки генерално биле фокусирани на работи што ги направиле, а кои би сакале да не ги направат.– Жалењето е лошо, но во просек, жалењето е корисно. Најкорисен начин да доживеете жалење е да го почувствувате длабоко, брзо да го преболите и да продолжите понатаму. Можете да го искористите жалењето за да ве поттикне на нови однесувања што ќе ви помогнат. Користете ја секоја романтична ситуација како искуство за учење. Потоа продолжи – рекол докторот.И додаде: – „Оној што избегал“ навистина значи „оној што не бил предодреден“. А тоа само значи дека има некој подобар за вас – истакнал докторот, а пренесува Твојот танго.

Пронајдете не на следниве мрежи: