Грешки кои постојано ги повторуваме: Сè што треба да знаеме за перење градници…

Градниците се перат на поинаков начин во однос на другата облека, но и понатаму постојат жени кои ги ставаат во машината за алишта заедно со останатата облека.
Но, оваа пракса би можела многу да ве чини, бидејќи на овој начин можете непоправливо да го оштетите градникот. Едно од прашањата кои жените често себеси си ги поставуваат е што да направат за градниците подолго да траат.


Секој градник доаѓа со сопствени упатства за перење, кои се запишани на етикетата која би требало да ја следиме. Градниците се направени воглавно од спандекс, а тој е растегливо синтетичко влакно налик гума, кој во голем број случаеви се уништува кога ќе дојде во контакт со топла вода.
Најдобро е градникот рачно да го исперете во ладна вода и да го исушите на сончева светлина, за подолго да ви трае. Ако сепак сакате да ја употребите машината, тогаш барем ставете го во мала мрежеста вреќичка за облека, пред перење.
Исто така, жените се прашуваат и тоа колку често треба да се перат градниците. Се препорачува да се перат после 3 до 4 носења.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.