Ригорозните диети ја уништија: Ана Николиќ колабираше, пејачката итно префрлена во болница!

Пејачката Ана Николиќ со својата екипа отпатува во Мароко со цел симање на спотови за нејзините песни кои што наскоро треба да им бидат претставени на публиката.
Таа со месеци е на строг режим на исхрана, пошто за краток период доста ослабела и како причина од тоа „паднала“ за време на симањето на спотовите., пишуват српските медиуми.
Планирано е да се снимаат пет видео записи за две недели, па екипата не застанува со работа, но се испостави дека пејачката не може да го издржи тоа темпо на работа.


-На Ана и се слоши за време на снимање, се префорсира. Снимат и дење и ноќ. Треба да се заврши голема работа за краток период. Таа сто пати треба да се пресоблече преку текот на денот, да ја промени шминката, фризурата, стајлингот, дури нема време кога да јаде. Малку спие, мног се работи и тоа доведе до тоа да колабира. Ана е перфекционист, во состојба е сто пати да ја повтори истата сцена, па наместо планираните пет часа, на снумање се останува и по 15, а во меѓувреме ништо не јадела, само ќе наздрави со екипата ќе се напие некоја чашка за да дојде на себе. Кога на снимањето колабираше, ја ставија во кола и ја однесоа во болница. Доктори ја прегледаа и констатира дека се е во ред, но дека и е исцрпен организмот.
Пејачката добила инфузија и и била препишана терапија. Нормално, та тоа не го испочитува бидејќи сето тоа што е испланирано мора да се заврши за две недели, открива извор близок до пејачката.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.