Рикер во Тирана: Национализмот е непродуктивен и дестабилизирачки

Американскиот заменик помошникот државен секретар за Европа и Евроазија, Филип Рикер кој е во посета на Тирана, изјави дека САД имаат цврсти односи со Албанија, Македонија, Косово, Србија и другите земји од регионот.

Тој во интервју за албанската ТВ станица „Top canel“ оцени дека сите овие земји со спроведените реформи ќе создадат подобар стандард за своите жители. „Кога слушаме националистичка реторика ние се вознемируваме и реагираме за да национализмот го оставиме настрана  и заедно да го надминеме национализмот. Овој наш став  е ист како за политичарите во Албанија така и за сите други“, рече Рикер.   Според него, национализмот е непродуктивен и тој фактички има тенденции на дестабилизација на регионот.  Американскиот заменик помошник државен секретар во петокот треба да се сретне со албанскиот државен врв.Посетата на Рикер на Албанија доаѓа само неколку дена по писмото што САД го упати до официјална Тирана во кое на Албанија и се укажува да престане со користењето на националистичката реторика.
Макфакс
Американскиот заменик помошникот државен секретар за Европа и Евроазија, Филип Рикер кој е во

Пронајдете не на следниве мрежи: