Ристески: Синдикатите и газдите нека се договорат за минималецот, Владата ќе го потпише тоа решение

Владата е подготвена да го прифати секое решение за висината на минималната плата за кое ќе се усогласат Сојузот на синдикати и работодавците, истакна денеска заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески.

„Нашиот став е тие да се договорат, бидејќи најголемиот товар ќе оди на приватниот сектор каде што има 600.000 вработени, додека државата е работодавач на околу 100.000 административци. Треба да седнат на преговарачка маса, а она што ќе го договорат, Владата ќе го прифати“, рече Ристески.

Тој потсети дека Владата е за покачување на платата, но врз база на реални економски параметри. Ристески нагласи дека се додека не се постигне нов договор,

„Коалиција Менуваме“ подготви нацрт-закон за воспоставување на онлајн регистар за деца и лица со попреченост и посебни потреби. Предлогот е пуштен во јавноста за консултации, по што ќе биде доставен до Собранието и Владата.

Од Коалицијата нагласуваат дека овој регистар не е наменет да биде јавна база на податоци, ниту пак механизам за надзор или етикетирање. Напротив, се работи за безбеден, централизиран електронски систем дизајниран исклучиво за институционална координација.

„Регистарот ќе воспостави строги контроли на пристап и робусни заштитни мерки. Целта е да се намали административната дупликација и да се овозможи континуитет на поддршката за најранливите, чии права често зависат од ефикасноста и поврзаноста на здравствените, образовните и социјалните институции“, велат од „Коалиција Менуваме“.

Нацрт-законот гарантира целосна заштита на личните податоци во согласност со меѓународните стандарди, користејќи агрегирани и анонимизирани податоци за креирање на подобри јавни политики.

Пронајдете не на следниве мрежи: