Ристовски го напушта Динамо Загреб

Според хрватските медиуми, се очекува Стефан Ристовски да го напушти Динамо Загреб затоа што не го прифатил понудениот нов договор. Македонскиот фудбалер бил информиран од страна на клубот дека неговата годишна плата ќе биде намалена за една третина од тековните 700.000 евра. Ристовски, сепак, очигледно не се согласил да игра за 450.000 евра годишно, што претставува значително намалување. По неколку месеци, Ристовски ќе биде слободен агент и веќе започнал да бара нова можност за ангажман во друг клуб.
The post Ристовски го напушта Динамо Загреб appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: