Ритер: Украина е готова, ова е мојата нова прогноза

Поранешниот американски разузнавач Скот Ритер вели дека Русија ќе го уништи остатокот од вооружените сили на Украина и ќе ги ослободи Одеса, Миколаев, Днепропетровск, Харков и Суми.

Русија ќе ослободи уште пет региони во Украина, вели поранешниот разузнавач, офицер на американската армија Скот Ритер за jутјуб емисијата „Прашај го инспекторот“.
„Украина е готова. Ова е мојата нова прогноза. Овој конфликт нема да заврши додека Русија не заземе уште пет региони: Одеса, Миколаев, Днепропетровск, Харков и Суми“, рече Ритер.

Дека Русија, покрај ДНР и ЛНР, планира да ги врати и останатите земјишта, вели и заменик-претседателот на Државната дума, Петар Толстој.

„Русија мора да го врати остатокот од својата земја: Одеса, Миколаев, Днепропетровск, Харковска област – сите земји во кои живее нашиот руски народ, кој беше предаден и напуштен пред 30 години, измислувајќи независна Украина, не грижејќи се за интересите на жителите од овие региони“, напиша Толстој на Телеграм.

Според Скот Ритер, ослободувањето на овие територии ќе се одвива паралелно со уништувањето на остатоците од вооружените сили на Украина.
-Украина ќе се соочи со поделба во стилот на планот на Моргентау, како и со рушење на владата на Владимир Зеленски, посочува тој.

Планот Моргентау беше програма за повоена трансформација на Германија, која предвидуваше распарчување на земјата, пренесување на клучните производни области под меѓународна контрола и елиминација на тешката индустрија. Планот беше предложен од американскиот министер за финансии Хенри Моргентау во септември 1944 година, но никогаш не беше целосно спроведен.
Офанзивата на вооружените сили на Украина во јужните правци Донецк, Артјомово и Запорожје започна на 4 јуни. Киев во борбата вклучи и лица кои биле обучени од инструктори на НАТО, но, како што изјави рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, тие не ги постигнале зацртаните цели на ниту една насока на фронтот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.