Американската музичка ѕвезда Ријана го привлече вниманието на многу следбеници на социјалните мрежи откако позираше во атрактивно издание.
Таа се фотографираше во долна облека и халтер, а фризурата ја комплетираше со вел. Ова е новата колекција од нејзиниот бренд Savage x Fenty, наречена At First Sight.
„Еве ја невестата“, стои во описот на фотографијата. Еден детал особено им падна во очи на фановите. Имено, пејачката носи веренички прстен и веруваат дека наскоро ќе се омажи со нејзиниот партнер, раперот АСАП Роки.
Коментарите беа исполнети со пофалби за изгледот на Ријана.
„Се колнам, Ријана е единствената жена која ме натера да ја преиспитам сопствената сексуалност“, „Најубавата невеста“, „АСАП Роки е среќен маж“ се некои од нив.
Ријана неодамна објави дека ќе присуствува на овогодинешната Мет Гала, која ќе се одржи на 5-ти мај во Музејот на уметност Метрополитен во Њујорк, заедно со АСАП Роки.
Тој е еден од домаќините на Мет Гала заедно со Ана Винтур, Луис Хамилтон, Колман Доминго, Фарел Вилијамс и Леброн Џејмс како почесен член.
View this post on Instagram
A post shared by SAVAGE X FENTY BY RIHANNA (@savagexfenty)
Пронајдете не на следниве мрежи: