Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) денеска донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 1,96 отсто во однос на цени во малопродажба утврдени на 15 јуни 2020 година.
Според одлуката, од вечерва на полноќ малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1 денар за литар и со тоа: ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 60,50 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе чини 62,50 денари за литар, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 52 денари за литар, а малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од вечерва на полноќ ќе изнесува 41 денари за еден литар. Цената на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,510 денари за килограм и ќе изнесува 25,396 денари.
Одлуката е резултат на зголемување на референтните цени на сите нафтените деривати на светскиот пазар во изминатиот седумдневен период и тоа кај бензинот во просек за 5,531 отсто, кај дизелот зголемувањето е во просек за 5,256 отсто, кај екстра лесното масло за 5,965 отсто и кај мазутот за 2,735 отсто. Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,412 отсто.