Актерот Роберт Дауни Џуниор, кој најголема слава а и финансиска добивка стекна со улогите во филмовите „Iron Мan“, ќе ја одигра истата улога од филмот и во двете продолженија на хит филмот „Одмазници“, соопштуваат од студиото на Марвел.
Дауни е хит актер за 2012 години, баш поради улогата како железниот човек во филмовите базирани на стриповите на Марвел, кои успеа да ги спојат неверојатните суперхерои како Халк, Капетан Америка, Тор и Црната Вдовица во еден повеќе од одличен филм кој застана на трето место по заработка на сите времиња.
Откако „Одмазници“ собра 1,5 милијарди долари на благајните ширум светот, режисерите се решија за следен дел, кој ќе излезе во кината во мај 2015 година. Од Марвел соопштија дека во новиот дел покрај старите добропознати суперхерои ќе се појават и нови марвелови ликови до сега невидени.
Трите дела на „Железниот човек“ од 2008 до 2013 година заработија повеќе од 2,4 милијарди долари, а пак само најновиот дел кој беше за прв пат прикажан минатиот месец стана филм со најголема заработка за оваа година, со 1,2 милијарди долари заработка, како и 5ти на листата на филмови со најголема заработка. Актерот Роберт Дауни Џуниор, кој најголема слава а и финансиска добивка стекна со улогите во филмовите „Iron Мan