Роби Вилијамс: Се прејадов риба, за малку ќе умрев од труење со жива и арсен

Пејачот Роби Вилијамс во едно недамнешно интервју раскажува дека за малку ќе умрел од труење со жива откако се прејал риба по долга апстиненција.
46-годишниот музичар стана веган во 2017 година, но неодамна решил повторно да воведе риби и месни производи во исхраната.
Сепак, на неодамнешната контрола дознал дека има труење со жива поради прекумерна консумација на морска храна.
„Јадев риба двапати на ден и поради тоа завршив со најголемото труење со жива што некогаш го видел докторот“, рече Роби во интервју за Радио Х.
“Отидов на преглед затоа што жена ми паничи и постојано ме принудува да правам некои тестови. Но, фала богу, жив сум благодарение на тоа. Можев да умрам од труење со жива и арсен”, рече Роби и додаде дека следниот ден се вратил на веганска исхрана.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.