Робот кој подготвува ручек додека сте на работа

Поради брзиот начин на живот, обемот на работа и обврски на кои е изложен современиот човек, време за готвење на храна има се помалку, поради што двајца иноватори од Сплит, Дражен Дрнас и Џулијан Ноле, измислиле робот кој подготвува ручек додека сте на работа, го шетате кучето или пак го чекате вашето дете од училиште.
„Гама шеф“ е името на домашниот робот, кој, како што вели Дрнас, подготвува рижото, тестенини, њоки, гулаш и супа, како вистински готвач.


Дрнас за својот изум зборуваше, а подоцна и демонстрираше како роботот подготвува гулаш, пред учесниците на конференцијата за дигитална индустрија која од средата, 10. октомври, се одржуваше во Трогир, а заврши со дегустација на храната подготвена од роботот.
„Гама шеф готви на ист начин како што тоа го прават луѓето готвачи. Додава намирници, ја контролира температурата на плочата, меша. Во себе има дигитален рецепт и се придржува до истиот, со врвни резултати“, изјави Дрнас за новинската агенција „Танјуг“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.